Во центарот на Скопје, во една банка, три вооружени лица извршиле грабеж. Како што соопшти полицијата, едно од лицата пукало во воздух, веројатно со цел да ги исплаши вработените во банката и веднаш да им ги дадат парите. Од МВР велат нема повредени и дека работат на расчистување на случајот.
-На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.