Министерот за правда, Игор Филков се потпиша во книгата на жалост, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, по повод трагичниот настан во Кочани.

,,Изразувам длабоко сочувство за трагично загубените млади животи во Кочани. Оваа несреќа нè потресе сите, оставајќи неизмерна болка и тага. На повредените, кои се згрижени во болниците во земјата и надвор од неа, им посакувам брзо и целосно закрепнување. До граѓаните упатувам јасна порака – одговорност ќе има, а правдата ќе биде задоволена! Министерството за правда и јас, како министер, ќе направиме сè што е во наша надлежност за да се осигураме дека вистината ќе излезе на виделина, а одговорните ќе сносат последици! Правда ќе има!”,вели министерот за правда Игор Филков.