Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање за евентуална задолжителна вакцинација против Ковид, одговори дека одредени земји веќе донеле таква одлука, меѓутоа во моментов кај нас нема потреба од такво нешто бидејќи вакцинацијата се одвива добро. Но, сепак како што вели доколку следната година повеќето европски земји донесат таква одлука, тогаш најверојатно истото ќе биде одлучено и во Македонија.
-Во однос за задолкжителна вакцинација се уште е рано. Не ја исклучувам можноста, и сум прилично сигурен во периодот што следува, сите земји во светот можеби следната година ќе имплементираат ваква мерка, тогаш би имплементирале и ние. Меѓутоа сметам дека сега со овие мерки и апели сметам дека граѓаните треба да одговорат и да ги испочитуваат, да се вакцинираат. Зошто? Поради тоа што нема никаков притисок во болниците во градовите каде што има висок процент на вакцинирани, вели Филипче.