Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува воведување на нови рестриктивни мерки. Тие ќе се однесуваат за граничните премини, односно за влез во државата. Како што најави Филипче ќе се бара вакцинален сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан ковид.
-Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот, рече Филипче.