Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување во Топ тема, не ја негираше можноста за разрешување на директорот на струшката болница, Мухамед Асани, заради скандалозниот случај со родилката од Дебар и фактот дека поседува дива домашна ординација.
„Оставам само уште малку време, заради тоа што, заради сите други обврски, не направивме детален увид, но следната недела ќе излеземе со став“ , изјави Филипче на новинарското прашање.