„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа во Прилеп, во која животите ги загубија примариус д-р Александар Ристески, радиолог д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген-техничарката Фанче Јовановска, сите дел од приватната болница ‘Плодност’ од Битола“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалните мрежи.
„Загубивме луѓе што посветија живот за доброто на другите и кои оставија неизбришливи траги во здравството. На семејствата, блиските и на колегите на загинатите им изразувам најискрено сочувство. Нека им е вечна слава“, додаде Филипче.