Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле ва вакцинација.
Филипче апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да може да се стави крај на пандемијата.
Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk a бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата. #ВакцинирајСе, напиша Филипче на Фејсбук
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.