Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во среда ќе започне имунизацијата со вакцината АстраЗенека, а граѓаните ќе бидат известени од страна на матичните лекари.
„20-илјади граѓани преку своите матични лекари денеска во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време од среда натаму да се јават на вакцинација.“, истакна Филипче.
Тој додава дека имунизација ќе биде спроведена и во салата Борис Трајковски каде ќе бидат поставени 30 позиции.
Според најавите од кинеската Амбасада, посочи Филипче, тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт. Компанијата Фајзер го потврдила одговорот и во петокот стигнала потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја челнка на ЕУ и тоа е повторно со компанијата Фајзер.