Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа. Надежта никогаш пократко не траела, напиша Венко Филипче, откако синоќа пратениците на ДУИ и Европскиот фронт дадоа поддршка за предлогот на Мицкоски за реконструкција на министерствата и формирање на нови. Претходно, високи партиски личности на ВМРО-ДПМНЕ и Европски фронт се сретнаа.
Филипче на социјалните мрежи напиша:
Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме.
Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта.
Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие.
Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катаастрофа.
,