Од понеделник во наредните две недели ќе бидат вакцинирани сите 150.000 граѓани кои се пријавиле, а не добиле термин за вакцинација. Откако ќе се вакцинираат тие, пунктовите се отвораат за сите граѓани без закажување, а ќе има и теренска вакцинација.
„Почнивајќи од понеделник или вторник по системот највозрасни па најлмади граѓни и сите ќе добијат термин во период од следните две недели“, вели Филипче.
Вечерва пристигнуваат 100 000 вакцини на фајзер, а во недела 500 000 на Синовак. Земјата не ја прифатил понудата на Словачка за Спутник вакцини затоа што вакцини ќе има доволно.
Досега во земјава се вакцинирани скоро 286 илјади граѓани, од нив 209 илјади целосно со две дози.