Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, вели министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето.
Оцени дека земјава има балансиран систем на рестрикција во кој е исклучително важна индивидуалната одговорност и оти следниот период до почеток на следната недела, има простор да се направи проценка на резултатите од сегашниот полициски час.
Во меѓувреме во земјава вчера беа регистрирани нови 1.216 случаи на Ковид-19 од направени 3.761 тестови, оздравени 111 пациенти, а починати 15 лица.
Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи дека посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања. Рече и дека за сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела.