Некои земји го воведуваат вакцинирањето на децата против Ковид-19 како задолжително односно тие нема да ги примаат децата на училиште доколку не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината против Ковид-19 за децата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
Филипче воедно најави дека од понеделник ќе започне и вакцинацијата на децата над 12 години, но таа нема да биде задолжителна, односно родителите сами ќе одлучат дали нивните деца ќе се вакцинираат или не.