Пикот на третиот и најсилен бран на коронавирус кај нас, според министерот за здравство Венко Филипче, е веќе зад нас. Тој вели дека веќе се чувствува мало олеснување во здравствениот систем.
„Вчера во текот на денот осетивме мало спласнување. Денес и бројката е нешто помала, околу 1.200 треба да биде. Да не избрзуваме, мора да ја следиме состојбата и оваа недела, веројатно пикот е зад нас, но тоа ќе го кажеме некаде на почетокот на следната недела“, рече министерот Филипче.
Досега се вакцинирани околу 15.500 граѓани, а денес до пладне вакцина примиле околу 1.000 лица, а несакани ефекти, освен оној кај 28-годишната девојка, засега нема.