Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека факторот на преносливост на вирусот се намалува, а деновиве се забележува и опаѓање на бројот на новозаразени и очекува трендот да продолжи и во наредниот период.
Министерот Филипче смета дека притискот врз болниците се должи на огромниот број на пациенти кои што не се вакцинирани, а големиот број на млади починати тој го објаснува со фактот дека младите имале повеќе контакти, а делта сојот е многу позаразен.
Според него, голем број од починатите имале нерегурлиран дијабет, карцином или пак биле пациенти со повеќе хихрушки интервенции и невакцинирани.
„Бројот на починати кои се вакцинирани е многу мал што ја докажува ефикасноста на вакцините. Помладите имаат повеќе контакти, а делта сојот е позаразен, еден од помладите починати бил невакциниран а и одбил болничко лекување. Тоа е страшна клиничка слика со страшно оштетување на белите дробови“, вели Филипче.
Во моментов 20-тина деца со КОВИД се хоспитализирани во болницата во Козле, но сите тие имаат релативно лесна форма на болеста, а се задржани се на болничко лекување заради претпазливост.