Медицински тимови од Здравствениот дом во Пробиштип рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. Здравствениот дом во Валандово теренската вакцинација ја почна од село Чалакли. Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата.
Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба, напиша Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.