Здравствениот систем секојдневно се менаџира, но состојбата со болниците е многу сериозна, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по утринската координација со директорите на ковид центрите. Тој порачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

„Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна“, напиша Филипче на неговиот официјален Фејсбук профил.