Препораката на Светската здравствена организација е дека вакцинацијата против КОВИД-19 е побезбеден начин да се помогне во градењето заштита, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
КОВИД-19, посочува министерот, може да има сериозни, опасни по живот компликации.
– Со вакцината на побезбеден начин ќе развиете имунитет, отколку да се заразите или разболите, напиша Филипче.