Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

– Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес на vakcinacija.mk, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и…

Posted by Венко Филипче on Saturday, 10 April 2021