Министерот за здравство Венко Филипче во врска со разрешениот директор на струшката болница Мухамед Асани и случајот со родилката од Дебар, истакна дека работат сите институции кои што треба да се вклучени за расчистување на случајот.
Тој рече дека ова одлука е донесена врз основа на сите досегашни случувања, посочувајќи дека ги чекаат резултатите и од другите институции, па ќе видат како ќе постапат понатаму.
– Сега е сменет директорот. Нов директор на струшката болница е доктор Арслани, поранешниот заменик министер за здравство. Уште трае стручниот надзор од страна на Министерството за здравство, но исто така и она што е продолжение на активноста на Државниот здравствен санитарен инспекторат, рече Филипче.