Иако пред десетина дена министерот Венко Филипче изјави дека прв ќе се вакцинира со АстраЗенека, со цел да покаже дека вакцината е безбедна, сепак нема да го стори тоа. Во среда почнува имунизацијата на постарите лица токму со оваа вакцина, чија пратка од 24.000 дози пристигна вчера, сепак Филипче нема да биде прв.
– Лично сега нема да се вакцинирам, ќе почекам да стигне поголема доза на вакцини, поголема достапност да има за граѓаните и тогаш кога ќе стигнат ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“, изјави денеска Филипче одговарајќи на новинарско прашање.