Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска ги посетил пациентите на кои на 19-ти мај и на 10- ти јуни им беше трансплантирано срце од починат донор.
Како што соопшти министерот, тие се во добра состојба.
Првата трансплантирана пациентка пополека целосно се опоравува, а вториот пациент е се уште на Oдделот за интензивна нега и терпија, но е во добра состојба. Со трансплантациите на срце почнавме едно ново поглавје во медицината во земјава кое отвори надеж за хронично болните пациенти кои немаа друг избор за лекување. Семејствата пак на Емилија, Верица, Марија, Јасмина, Борче со нивниот хуман гест ја разбудија свеста за органодонорството и ни покажаа што значи да се дарува орган за да се спаси нечиј живот, пишува Филипче на Фејсбук.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.