Венко Филипче, министерот за здравство денеска за време на вакцинацијата на пратениците, кажа за динамиката на пристигнување на вакцини од „Фајзер“ во мај.
-Денеска добивме листа од страна на компанијата на Фајзер со која што беше напоменат распоредот на количини кои ќе стигнуваат во мај. Секој понеделник од 5 до 7 илјади, или околу 25 илјади во текот на целиот месец очекуваме. Она за што се подготвуваме, и со вакцината на Синофарм која треба да стигне за пет дена на 28 април, а ќе се вакцинираат граѓаните кои се пријавени на сајтот Вакцинација.мк. До тогаш сите сали во шесте града низ земјава ќе бидат подготвени, во Охрид, Штип, Куманово, во Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат подготвени и опремени и со опрема и со кадар, за да вакцинацијата почне согласно распоредот. Околу 150 илјади граѓани се пријавени за вакцинација во овој момент“, кажа Филипче.