Министерот за здравство д-р Венко Филипче денска беше во работна посета на болниците во Прилеп и Битола. Во изјава за медиумите, министерот информираше за состојбата со ковид пацинетите, модуларните болници, како и мерките за заштита и процесот на вакцинација. Модуларната болница во Битола, има три објекти и е најголема во државата кој е подготвена во секој момент да прими ковид пациенти доколку тоа е потребно.
-Сега се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита за што имаме секојдневна координација и комуникација со директорите на сите болници ширум државата. Има сосем доволен број на болнички кревети секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, овде во Битола 3, што го прави битолското ковид одделение најголемо во државата за да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пацинети од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница, позната и по историјата и по експертизата од многу области изјави министерот.
Министерот ги објасни рестриктивните мерки, а за прeстојните празници, информираше дека Комиисјата допрва ќе одлучува.
Министерот апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, дури и кога ќе бидат вакцинирани, односно да носат маски и по вакцинацијата.