Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести утринава по состанокот објавија дека предлагаат рестриктивни мерки во Тетово, односно забрана за свадби, прослави и за одржување масовни настани на затворено. Угостителските објекти во затворениот дел да работат со 30 проценти од капацитетот, а на иста маса во кафеана да може да седат само 4 лица.
Меѓутоа Венко Филипче за „Телма“ кажа дека барањето е мерките да важат за сите градови, а не само за Тетово.
„Не е за Тетово, за цела држава е. Предлогот е за секаде, на сите места, не само за Тетово“, рече Филипче за „Телма“.