Одлично помина првиот ден од вакцинацијата во А1 арената Борис Трајковски, објави вечерва на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.
– Во просек се вакцинираат околу 300 лица на час или околу 3000 дневно. Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинациајта на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави Филипче.
Тој потсети дека од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и повика сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата.