Кинеските вакцини ќе бидат приви кои ќе пристигнат во земјава, иако не се знае точниот датум. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека очекува тоа да се случи до крајот на месец февруари.
-Во месец февруари првата количина на вакцини што ќе пристигне во нашата земја ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе спремниот систем ќе го започнеме со тие вакцини. Сега не би шпекулирал во однос на точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа ќе го објавиме. Ќе пристигнат 200 илјади вакцини. Со тоа ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни вакцини, изјави Венко Филипче.