Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека пристигнале дополнителни 12 870 дози од производителот „Фајзер“. Министерот упати апел до сите кои досега не се пријавиле за вакцинација да направат тоа што поскоро.
„Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска. Апелирам сите кои досега се немаат пријавено за вакцинација да го сторат тоа што поскоро“, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Facebook.