Министерот Венко Филипче се огласи преку социјалните мрежи откако Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни болести предложила воведување на полициски час од 22 часот, до 5 часот следниот ден. За ова Владата ќе одлучува на утрешната седница.

Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда (10.03). Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид 19.

 

Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи…

Posted by Венко Филипче on Monday, 8 March 2021