Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека во земјата се детектирани неколку мутации на коорнавирусот, но ниту еден од нив не е идентичен со вирусот од Велика Британија.
„Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија. Но, не се работи за истиот, туку за сосема различен, што е откриен во Србија и во Швајцарија“, вели Филипче.
Тој тврди дека кај нас се откриени 6-7 соја од мутираниот коронавирус, кој досега е забележан во Србија и во Швајцарија.