Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во Утрински брифинг изјави дека британскиот сој зема се поголем замав кај нас и поради тоа се воведуваат рестрикции. Односно, поради тоа Комисијата за заразни болести предложила воведување на полициски час во траење од две недели од 22 часот до 05 часот следниот ден.
-Психолошки можеби влијае кај луѓето, но барам разбирање и поддршка. Сето ова е во интерес на заштита јавното здравје со цел овој бран на некој начин да го амортизираме. Целта е да се намали движењето во вечерните часови после затворањето на угостителските објекти. Сведоци сме дека младите се собираат и во вечерните часови на јавните површини, не се носат маските и очигледно е дека британскиот сој кој е се поприсутен кај нас – над 70% и очигледно го прави своето, изјави во Утрински брифинг, министерот Филипче.