Mинистерот за здравство, Венко Филипче вели дека полицискиот час дал ефект, а со умерената рестрикција и индивидуалната одговорност спречен експоненцијален раст на бројот на новозаболени.
„Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето и комуникацијата на една критична категорија граѓани, кои како трансмитери беа идентификувани во делот на епидемиолошката слика, анкетите, а тоа беа помладите кои се собираа на јавни површини, паркови после завршувањето на работата на угостителските објекти и скоро секогаш без почитување на превентивните мерки, носењето маски, одржувањето дистанца“, вели Филипче.