Венко Филипче си поднел оставка од функцијата Министер за здравство, дознава НетПрес од извори во СДСМ.
Како причина за ставката Филипче навел морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна Ковид-19 болница, во кој загинаа 14 лица.
Нашите информации од партијата на власт велат дека Филипче својата оставка ќе и ја соопшти на македонската јавност на прес-конференција.