Министерот за здравство Венко Филипче гостуваше во вестите на Канал 5 попладнево, каде порача дека за празникот Велингден нема да има полициски час, граѓаните може слободно да се движат, но сепак порачува дека одговорноста дали ќе продолжи да се намалува бројот на заразени од коронавирус, или повторно ќе имаме зголемување на бројот, зависи од самите граѓани.
Филипче порача, наместо групирања во храмовите и црквите, граѓаните да останат дома, таму да палат свеќи, да палат свеќи во своите дворови или маала. На тој начин да се одбележи големиот празник, но и да се биде одговорен во спречувањето на ширњето на коронавирусот.