Министерот Венко Филипче најави дека од вторник ќе почне вакцинацијата на населението со кинеските вакцини. Досега македонските граѓани се вакцинираа со АстраЗенека, руска Спутник, а Фајзер се уште не е употребен.
„ Станува збор за количина од 200 илјади вакцини, службите веднаш ќе ги проверат, ќе ги сместиме во ладната соба, и од тука во следните денови, најдоцна во понеделник, ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови, и според распоредот на веќе пријавени граѓани, процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник. Овие вакцини кои се пакувани со шприцови со игли и спремни за апликација, ќе бидат дистрибуирани низ градовите согласно пријавените граѓани. Пунктовите се подготвени. Помеѓу 10 – 15 илјади граѓани на ден.“, истакна Филипче..
Филипче вели дека во мај се очекува поголема количина вакцини, а меѓни нив и 600 илјади од двата кинески производители Синомак и Синофарм.
Министерот рече дека очекува да бидат вакцинирани меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден.