Родителите кои сакаат да ги вакцинираат своите деца ќе мора да закажат термин. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Регистрацијата за вакцинација почнува денеска и ќе трае до четврток, а потоа ќе се поделат термините за аплицирање.

-Вакцината на Фајзер еднаш кога ќе се отвори мора да се вакцинираат шест лица поради тоа што во виалата има шест дози. Ако се јави едно или две деца имаме голем ризик да одреден број виали се фрлат. Тоа не сакаме да се случи, што значи дека родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и понатаму од петок ќе почне и апликацијата на вакцините, рече Филипче.