Се уште министерот за здравство Венко Филипче одржа прес конференција на која соопшти неколку детали околу пандемијата со коронавирусот. Како што вели тој, има благ пад на новозаразени, што можеби укажува на стивнување на овој бран. Сепак, се прават детални анализи по што ќе следуваат одлуки.
Една од мерките кои се планира е одлуката која важеше за една доза вакцина, односно со една доза да може да се влегува во затворени молови, во угостителски објекти и слично сигурно ќе се смени и ќе се бара сертификат за целосна вакцинација, односно две примени дози.
-Тоа се разгледува, односно е веќе разговарано и сигурно ќе се воведе. Впрочем тоа придонесе и да се зголеми интересот за вакцијација, кој за жал во изминатите неколку денови спласна. Значи онаму каде се бараше една доза вакцина, сега ќе се бара две дози. Но, ќе оставиме време за граѓаните и планирано е да се воведе во месец октомври, изјави Филипче.