Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладневно имаше работен состанок со директорите од Клиниките на УКЦ „Мајка Тереза“ и ГОБ 8 Септември, во Скопје.
На состанокот се разговараше за моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето Клиники стануваат ковид центри продожува да тече редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања.
Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници – порачува министерот.