Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека високи функционери се вакцинирале против Ковид-19.
-Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден фуницонер, ниту еден министер во Владата, ниту еден директор.Списоците се регрутирани од страна на сите ЈЗУ во кои се лечат или прегледуваат пациенти со ковид, болници, клиники, здравствени домови, приватни здравствени установи, приватно стоматолошки установи, матични лекари и тоа е единствениот налчин на кој луѓето се вакцинираат. Слободно дојдете, уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок, рече Филипче одговарајќи на пратеничко прашање на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Објасни дека Националната стратегија за имунизација е правена врз основа на светските критериуми. Консултирани се меѓународни организации, СЗО, други развиени европски земји.