„Досега не сум разговарал за партиска функција во СДСМ – изјавил министерот за здравство Венко Филипче за Фокус, без да одговори на прашањата дали има амбиции за партиска функција и дали би прифатил таков предизвик.
Неофицијално, партиски извори за Фокус велат дека Филипче најверојатно ќе влезе во новиот Извршен одбор на социјалдемократите и воедно ќе стане еден од тројцата потпретседатели на владејачката партија.