Комисијата за заразни болести, која утрово имаше состанок на кој се разгледуваше епидемиолошката состојба со коронавирусот во С. Македонија и опасноста од новиот Делта-сој, не препорача нови рестриктивни мерки.
-Ги гледаме и оние земји каде што наши граѓани заминуваат на летни одмори. Има некое лесно зголемување на бројката на позитивни во Грција, но не е алармантно, вели Филипче, за Утрински брифинг.
Филипче потенцира дека претходните донесени мерки за влез и излез од државата, како и за организирање на настани остануваат, а доколку има потреба дополнително ќе интервенираат.