-Нема потреба да се става акцент да се бира вакцина, сите се до еднаков квалитет, кваква вакцина има во тој пункт, нека не бидат загрижени, изјави министрот Венко Филипче по пристигнувањето на кинеските вакцини, а одговарајќи на новинарско прашање.
Тој рече дека најсоодветно е да прими кинеска вакцина, затоа што ја има во најголема количина на располагање.
-Соодветно како личен пример, примам вакцина која е најмногу како количина на располагање. Ги следам сите стручни анализи, така да освен Астра Зенека препорака кај помлади лица од 60 години, нема друга препорака, нема друга контраиндикација засега, кажа Филипче.