Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека нема намера да се кандидира за лидер на СДСМ на престојниот конгрес, кој ќе се одржи на 12 декември.

„Нема да поднесам кандидатура за лидер на СДСМ. Немам такви амбиции“, одговори Филипче на новинарско прашање.

Како што е познато, кандидатура поднесе само Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии и член на ИО на СДСМ, кој што е фаворит на Зоран Заев.