Филипче вели дека очекуваат резултати, односно зголемување на опфатот со вакцинација, по апелите од властите за имунизација. Исто така, тој смета дека стимулативната мерка за матичните лекари кои имаат висок процент имунизирани пациенти да добиваат 30 денари за секој пациенти, може да даде одреден резултат.

– Матичните лекари се тие кои имаат директен и прв контакт со пациентите. Комуникацијата е честа за кое било прашање што го допира здравјето и во таа смисла лекари кои се први во контат, мерката е добро димензионирана – вели Филипче.

Тој појасни дека финансискиот надоместок е еднократен и на матичните лекари ќе им се исплати на почетокот на летото. Со оглед на тоа што најмногу пациенти еден матичен лекар има 2.500, а просекот е 1.000, тоа не е сума која треба да се занемари.

Повика матичните лекари уште сега да почнат да ги повикуваат своите пациенти да се вакцинираат. Во некои градови има матични лекари чии пациенти веќе во 70 отсто се вакцинирани.

– Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација, но кај нас е рано за такво размислување – рече Филипче, по конференцијата на тема ХИВ.

Генерално карантинизирање, во смисла на ограничување на движење, сега во ситуација кога има 50 проценти опфат со вакцинација не би требало да е опција.