Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, според оваа партија, не се грижи што беше најлошиот министер за здравство.
Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра
„На Филипче не му е грижа што онколошката терапија не се давала на пациенти, дека се крадела, па дури и завршувала на црниот пазар во Косово.
Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети.
На Филипче не му е грижа и не чувствува одговорност што дозволи здравствениот систем да се распадне.
Филипче не чувствува одговорност што поради него и СДС се случи крах на македонското здравство, кој доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите“.
Како што оценуваат од партијата на власт, на Филипче му е важно единствено како да се факторизира на политичката сцена, за повторно да местат тендери во четири очи, да течат провизии, и да прават зделки со Заев.
Порачуваат дека Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем.
Текстот Филипче не чувствува одговорност за Онкологија, важно му е само да се факторизира на политичката сцена за да му течат бизнисите со Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.