Министерот Венко Филипче при посетата на институтот Торлак каде ќе се произведуваат вакцини против коронавирус, изјави дека овој институт во Белград ќе биде наш стратешки партнер во набавката на вакцините.
-Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да запре, многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска. Со ваквото партнерство обезбедуваме долгорочна соработка и стабилен извор на вакцини. Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас. Заради овој пријателски гест, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да сите српски граѓани бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август тоа е оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија и према Грција, изјави Филипче.