„Очигледно е дека овој вирус дава потешка форма на болеста, ние тоа го гледаме. Гледаме како настапува влошување кое не може да се контролира кај пациентите“, рече министерот Венко Филипче зборувајќи за сериозноста на новите мутации на коронавирусот и за високата смртност.
„Имаме пациенти кои доаѓаат навреме во болница, ја примаат целата потребна терапија, влошуваат и не може да им се помогне. Има луѓе кои доаѓаат доцна во болница кои, исто како и тие што доаѓаат на време, ја примаат истата терапија и повторно не може да им се помогне. Толку се страшни клиничките слики, има бели дробови кои се збришани, значи нема структура белиот дроб повеќе, на сликата сè е бело како да нема белодробно ткиво“, рече Филипче во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.
Според Филипче влошувањето кај пациентите се должи на згрутчувањето на крвта односно појавата на тромбоза на сите нивоа.