Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека имаме многу безбеден систем за пријавување и за покажување на сертификатите за вакцинација против Ковид-19 преку „Мој термин“.
-Во изминатите недели претставници на Министерството разгоараа со Comonpass, но и со претставници на ЕУ. Сега апликацијата Comonpass, која што секој граѓанин ќе може да ја симне на својот мобилен телефон, има код за нашата земја и со тој код се препознаени сите сертификати и сите вакцини кои се дадени кај нас. Тоа значи дека таков еден сертификат од системот Мој термин секој граѓанин може да симне, да се пријави на сајтот vakcinacija.mk. Тука се двата сертификати на располагање, еден од нашиот систем нашиот код и еден кој одговара на системот Comonpass. Кога тој сертификат ќе се преземе во апликацијата Comonpass препознатлива насекаде во ЕУ и тоа е нешто што не може да се лажира, рече Филипче.
Одобрување на овој систем дала и ЕУ, а, како што најави, на 19 август тоа треба да се официјализира.
Одговарајќи на новинарско прашање за наводи изнесени на социјалните мрежи дека државјани на Србија масовно купуваат сертификати за вакцинација во Тетово, Филипче апелираше до граѓаните доколку имаат такви информации, тоа да го пријават до надлежните институции.