Пред собраниската Анкетната комисија која треба да да утврди политичка одговорност за скандалот со лековите на Клиниката за онкологија, денеска треба да бидат сослушани поранешниот и актуелниот министер за здравство Венко Филипче и Фатмир Меџити.

Пред пратениците, како што кажа претседателката на комисијата Рашела Мизрахи прв ќе зборува Филипче, а потоа Меџити.

Комисија вчера донесе неколку заклучоци меѓу кои одговорните на клиниката за онкологија да ги спроведат препораките на државниот ревизор од извештајот за 2021 година, да изготват медицински протоколи за приклучување на пациенти на биолошка терапија, и да спроведат попис на сите средства согласно правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници.

Државниот завод за ревизија во март годинава објави ревизорски извештај, каде меѓудругото, се наведува дека се набавувала биолошка терапија, а немало доволно пари за тоа, немало ниту медицински протоколи, односно упатства со кои ќе се воспостават правила и критериуми за приклучување на пациенти на биолошка терапија.