Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Даниловски на која се договорија да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.

На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Даниловски за целиот придонес во Ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Даниловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката, изјави Филипче.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.