Венко Филипче и Фатмир Битиќи се нови потпретседатели на СДСМ. Ова е одлучено на денешниот 26-ти Конгрес на СДСМ. Тие се назначени на местата на Мухамед Зеќири, кој е генерален секретар на Владата и Коста Петров, директор на Фондот за иновациски и технолошки развој. Оливер Спасовски и Мила Царовска исто така остануваат на потпретседателските функции.
Претходно во текот на денот Сања Лукаревска беше избрана за заменик-претседател на СДСМ, на местото на Радмила Шекеринска која се повлече од сите раководсни функции во партијата.
Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата, а на местото на Душко Весковски како организациски секретар доаѓа Мартин Попов. Избран е и нов Извршен одбор.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на конгресот најави дека процесот на промени во партијата ќе продолжи, ќе следува реализација на нова политика која ќе биде базирана на пет клучни столбови.